Тоалетни монтажни контејнери

Врз основа на нашето долгогодишно искуство, нудиме производи со долг живот по разумни цени.

Галванизирана метална конструкција, сeндвич (PUR) панели со изолација, водоотпорен под, вградена електрична инсталација, прекинувачи и осветлувачки тела (сијалици).

По избор на клиентот изолацијата на сандвич панелите може да биде од 4cm до 10 cm.

Можете да изберете модел по стандардни размери, но можеме да направиме и модел по ваш дизајн.

Стандардните контејнери се со висина од 250 сm до 300 сm. Ширината е 240 сm до 300 сm. Должината може да биде од 100cm / 400 сm / 500 сm / 600 сm / 700 сm / 800 сm, a максимум 1200 cm

Тоалетот и туш кабината се по ваш избор, можеме да ги сместиме каде што ќе посакате.

Ставаме дополнителна опрема како, WC со целосна опрема, огледало, мијалник, водоотпорен под, метална рамка, стакло, туш кабина, писоар и налепници.

Нудиме и можност за топла и ладна вода што значи дека ако сакате можеме да инсталираме болјер.

Подот во бањите и тоалетите е со плочки. Материјалите може да бидат стандардни или по ваш избор. Може да изберете PVC или алуминиумски прозорци и врати. И може да ви ставиме прозорци во различни големини.