За монтажните модули

Модулите можете да ги комбинирате како сакате. Големината на една модула е 240cm x 600 cm. Модулите можат да се поврзат, како во ширина, така и во должина. Монтажните модули може да бидат со единечни, минливи или неминливи соби. Може да се направат повеќе соби со комбинирање на модули така што откако ќе се избере како да се комбинираат модулите, се избира каде да се сместат внатрешните ѕидови.

Монтажа

Модулите може да бидат монтирани на три начини.

  • монтирање на површина без никаква подлога.

    За единечните модули и комбинациите до 3 модули, подлогата не е задолжителна, туку доволно е да има тврда и рамна површина.

  • Монтирање на модули поставени бетонска или метална основа.

    Модулите може да се монтираат на бетонска или метални основа со висина минимум 10 cm или на готови бетонски рабници.

  • Монтирање на бетонска плоча

    Модулите може да се монтираат на бетонска плоча со висина минимум 10 cm.

Опременост

Тоалетите и бањите се по ваш избор, можеме да ги сместиме каде што ќе посакате. Нудиме и можност за топла и ладна вода што значи дека ако сакате можеме да инсталираме болјер. Подот во бањите и тоалетите е со плочки. Материјалите може да бидат стандардни или по ваш избор.

Кујната може да се направи по ваш избор и големина. Подот може да биде ламинат, линолеум или со плочки.

Инсталацијата и прекинувачите за светло може да ги ставиме каде што ќе сакате.

Можеме да ви ставиме PVC или алуминиумски прозорци и врати со различни големини.