Монтажни куќи

Практично и економично решение. Сакате да имате свој дом што побрзо? Ние ви нудиме решение – монтажни куќи.

Куќата што ја посакувате ја правиме во зависност од квадратурата и сложеноста од 30 до 60 денa, ги доставуваме и монтираме готовите куќи каде што сакате во еден ден по разумни цени.

Единствено нешто што ви треба е рамна површина (постамент) за да се постави вашата монтажна куќа односно да биде монтирана.


Сакате да го преместите вашиот дом на друго место?

Монтажните куќи можат лесно да се монтираат и демонтираат, што овозможува удобно да се преместат. Ви нудиме развиен систем, високо отпорен на земјотреси.

Ние ви овозможуваме да си го изберете самите моделот на вашата куќа.

Единствено нешто што треба да направите е само да ни испратите Capture-скица.

Во едноставен предлог може да ја нацртате вашата монтажна куќа со саканата големина, да одберете прозорци и врати, да наведете каде да бидат внатрешните ѕидови и приклучоците, сијалиците, итн и потоа да ни го испратите вашиот цртеж и ние веднаш ќе ви ја кажеме цената на вашата монтажна куќа. Ние можеме и да ви помогнеме за моделот на куќата што најдобро ќе ви одговара на вашиот буџет и потреби, и потоа најбрзо што можеме ќе ви ја доставиме готова.

Може да ги комбинирате и модулите на вашата готова куќа.

Големината на една модула е 240cm x 1200 cm. Модулите можат да се поврзат, како во ширина, така и во должина. Откако ќе изберете како да ги комбинирате модулите, ќе можете да изберете и каде да се сместат внатрешните ѕидови.

Монтажните куќи исто така се изработуваат од цементи изолациони табли кои се практично решение за бетонот. Подните цементни табли се со дебелина 40мм кои можат да издржат тежина на м2 од 4500 кг. Ѕидните цементни табли се до дебелина од 10мм до 26мм како основа на ѕид. Надворешно се става стиропот 50мм-100мм и внатрешно по желба КНАУФ.